Во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Студентски саем на книгата

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“.

На саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени.
По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори. Доколку купите две книги, НУБ „Св. Климент Охридски“, како организатор, ќе ви подари уште една книга по ваш избор.

За време на Саемот, Библиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени.

Саемот се организира со почитување на мерките предвидени со протоколите за организирање на настани од културата.