Во ОЈО не е поднесена кривична за лица кои незаконски примале плата од „Комунална“, како што тврдеа Арсовска и Мазнева

Нема кривична пријава дека во „Комунална хигиена“ им се исплаќале пари на лица што биде трајно преселени во Германија. Скопското Обвинителство посочува дека пристигнатите пријави од директорката Косана Мазнева Николиќ, биле само во врска со случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето на сметот што траеше неколку дена. Од ОЈО ја повикуваат Мазнева, како и градоначалничката Данела Арсовска, доколку забележале незаконитости, да ги пријават.
„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат. Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето, должни се тоа да го пријават до надлежните органи“, одговорија од Обвинителството во врска со прашањето дали има пријава за вработени лица кои се иселени, а примале плата од претпријатието.

Градоначалничката на Арсовска и директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева Николиќ, за време на бојкотот на дел од вработените, на прес конференција изјавија дека во претпријатието има вработени кои се на платен список, но кои живеат и работат во Германија.