Во образованието се вакцинирани околу 58 отсто од вработените и 60 проценти во градинките

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше гостин во вестите на Канал 5 телевизија каде истакна дека бројот на случаи расте и дека најмногу активни случаи во земјата во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, но дека состојбата засега е сеуште стабилна.

-Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период. Досега се вакцинирани околу 510.000 граѓани а од нив 380.000 се веќе ревакцинирани. Процентуално 63% од населението над 70 години е вакцинирано, во секторот образование досега се вакцинирани околу 58% од вработените и околу 60% во градинките. Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште, изјави Филипче.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.