Во оценската мисија ќе има судии од ЕУ членки, најавува Гир

Оценската мисија што Брисел ни ја праќа за проверка на работата на Судскиот совет ќе биде составена од екперти кои веќе биле во вакви или слични тела во држави членки на ЕУ. Но, дали нејзината мисија ќе биде успешна или не, сепак зависи од домашните судии, но и од политичарите тука, вели евромабсадорот Гир во интервју за МИА.

Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја врши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите. Дали мисијата ќе биде успешна или не, не зависи од неа. Вие може да ја имате најдобрата оценска мисија во светот со одлични препораки, но зависи од политичката волја на Владата, на судиите и на партиите дали на судството ќе му биде дозволено да си ја врши работата

Тој потсетува дека Мисијата е резултат на загриженоста на бриселските авторитети за последните случувања во Судскиот совет бидејќи владеењето  на правотот е темелна вредност на ЕУ.

Оценската мисија беше прифатена од Владата, додека пак, опозицијата смета дека таа е доказ за неспособноста на власта и нејзина директна вмешаност во судството.

Европските експерти доаѓаат откако изминативе два месеци Судскиот совет се соочува со отворени проблеми во својата работа.

Најпрво, на недолична седница пред очите на јавноста беше сменета претседателката Дамева. Потоа пак, двајца членови од редот на судиите си поднесоа оставки непосредно по изборот на новиот шеф бидејќи сметаат дека Советот не работел професионално и независно.

Вчера, пак, беа избрани двајца нови членови судии  – Наке Георгиев, за кого претходно Судскиот совет ги сопре сите дисциплински постапки за нестручно работење како екс претедател на штипскиот апелационен суд и Антоанета Димовска – која пак е сестра на актуелма пратеничка од СДСМ.

Дополнително, и двајцата беа избрани со минимален број гласови на што реагираше Блупринт групата за реформи во правосудството. Според оваа независна екпертска група поради малиот број на гласови се доведува во прашање легитимитет на новоизбраните членови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.