Во октомври невработеноста во Грција достигнала 27,8 отсто

Во октомври невработеноста во Грција се зголемила и достигнала 27,8 отсто, пренесе „АФП“ повикувајќи се на грчката статистичка служба. Во октомври 2012 година невработеноста во земјата изнесувала 26,1 отсто.

Во десеттиот месец минатата година кај младите недостигот на работни места засегнувал шестмина од секои десет Грци или 57,9 отсто. Една година претходно невработеноста меѓу младите изнесувала 56 отсто.

На месечна основа невработеноста останала непроменета, забележувајќимал пораст од 0,1 отсто.