Во општина Кисела Вода ќе се фрла богојавленскиот крст

Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици.

Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во четврток, на 19 јануари 2023 година.

Оваа година, манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и фрлањето на крстот ќе се случи во 11 часот.

За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од општина Кисела Вода и од спонзори.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до среда, 18.01.2023, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор).

Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.