Во отворено писмо до СЗО 239 научници тврдат – коронавирусот може да се пренесе преку воздух

Новите кластери на болни, инфицирани по канцеларии, ресторани, пазари, трговски центри  го потврдуваат она што научниците со месеци го кажува. Вирусот лебдее во воздухот во затворени простории и така ги заразува луѓето. Зад ова тврдење стојат стотици научници кои за тоа имаат докази, пишува Њујорк тајмс. Тие бараат СЗО веднаш да го ревидира ставот дека вирусот примарно се шири, од човек на човек, преку капки од уста и нос, при кивање, кашлање и зборување. Научниците ја повикуваат организацијата, согласно доказите за воздушна трансмисија, да ги изменат и препораките за заштита од корона вирусот. Околу 200 научници од над 30 земји препорачуваат носење маски внатре, дури и кога постои социјална дистанца. Одат и понатаму, за здравствените работници посочуваат дека е неопходна Н 95 маска, која ги филтрира најмалите честички додека се грижат за пациентите болни од корона.

Со цел да се зашити населението, научната фела препорачува вентилациските системи во училиштата, канцелариите, болниците да го намалат циркулирањето на воздухот и да се стават нови моќни филтри.

Укажуваат дека голем број кластери доаѓаат токму од затворени простории каде немало вентилација и вирусот се акумулирал во воздухот. Во отворено писмо до СЗО, научната фела бара од комитетот за контрола и превенција  да ја остави настрана суетата и да ги прифати новите докази за ширење на короната  преку малите воздушни  чеситчки. Светската организација засега останува глува на овие докази, држејки се и натаму до своите препораки миење раце и социјална дистанца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.