Во овој ресторан децата можат да вечераат бесплатно, но нивните родители треба да исполнат само едно нешто

Британски ресторан им нуди бесплатен оброк на сите деца доколку дојдат на семеен ручек со нивните родители, но родителите треба да исполнат еден услов.

Целта на ресторанот е да го зближат семејството, па за таа цел вовеле бесплатен оброк за децата доколку нивните родители ги остават мобилните телефони на влезот од ресторанот.

„No phone zone“ е мотото кое ќе ги поттикне гостите помалку да ги користат телефоните додека се на маса.

Близу 20 проценти од испитаните деца кажале дека нивните родители повеќе време поминуваат на нивните телефони, отколку што зборуваат со нив.

Меѓутоа испитаници биле и родителите кои признале дека повеќето време го поминуваат на мобилен телефон, наместо да зборуваат со нивните деца.

Вработените во ресторанот велат дека кога ќе забележат родители кои седат на мобилни телефони ќе поминуваат со кутии каде што ќе ги замолат да ги остават мобилните телефони.