Во Париз и Лион синоќа се одржаа мирни протиести за поддршка на израелската воена офанзива во појасот Газа.
Произраелските демонстранти носеле логани против палестинското радикално движење Хамас и го бранеле израелскиот став на самоодбрана.
Околу 4.500 луше се собрале пред израелската амбасада во Париз, каде било распоредено и зголемено полициско обезбедување. Во Лион протестите се одржале пред синагогата.
Полицијата во својот извештај навела дека на протестите учествувале и припадници на Лигата за одбрана на Евреите, чија забрана е разгледувана од страна на француските власти поради блискоста со една терористичка организација.
Во изреалеско-палестинските конфликти досега се погинати повеќе од 1.350 палестинци и 60 израелци.
Хамас и Израел синоќа соопштија дека го прифаќаат триденвниот прекин на огнот, кој утрово стапи на сила.