Во Париз ќе се евакуираат 1.800 луѓе поради бомба од војната

По откривањето на заостанатата бомба од Втората светска војна, во Париз во недела ќе се одвива голема операција за остранување бомба којашто во 1944 година врз француската престолнина ја исфрлил еден од сојузничките бомбардери, пренесува во петокот агенцијата AFP и додава дека од североисточниот дел на градот ќе бидат евакуирани најмалку 1.800 луѓе.

Бомбата била откриена на 4-ти февруари на градилиште под парискиот престенеста обиколница, во приградската населба Сен Дени.

„За неутрализирање на екслозивната направа, париската полиција одлучи да спроведе операција на расчистување на областа. Оваа операција бара евакуација на населението во радиус од 300 метри“, се истакнува во соопштението на канцеларијата на градоначланикот на Сен Дени.

Околу 300 луѓе ќе мора да бидат евакуирани од квартот Сен Дени, а околу 1.500 од квартот Шапел. Операцијата значително ќе го поремети и железничкиот сообраќај од 8 до 14 часот, а особено ќе бидат погодени брзите возови TGV.

Според најавите, луѓето во текот на операцијата ќе бидат сместени во спорските сали во округот. По извлекувањето на бомбата, таа ќе биде преместена во специјална комора, којашто се наоѓа во дупка на длабочина од 200 метри, потоа бомбата ќе биде ранесена.

Откривањето на бомби и други експлозивни направи од Втората светска војна се вообичаени во Франција, како и во соседна Германија. Во август минатата 2018 година, 1.800 луѓе беа евакуирани од центарот на Руан во Нормандија, а деактивирање на 220 килограми тешка бомба. Претходниот месец француската мирнарица деактивирше неексплодирана мина во близина на популарна плажа во Кан.