Во Париз повредени шест француски војници

Шест француски војници се повредени откако возило налетало на нив во предградие на Париз.

Четворица од нив се полесно, а двајца потешко повредени.

Париската полиција е во потрага по возилото што ја предизвикало несреќата, јавуваат локални медиуми.