Во Париз уапсени двајца мажи по закана дека ќе се „кренат во воздух“

На железничката станица Монпарнас во Париз во петокот се приведени двајца мажи кои во објектот внесле гасни смеси извикувајќи дека ќе „разнесат сѐ“, пренесува електронското издание на дневниот весник Figaro.

„Две осомничени лица за ‘поттикнување тероризам’ беа приведени во петокот на станицата Монпарнас, кај нив се најдени девет цилиндри со гас“, изјавиле неименувани безбедносни извори на весникот

Париските медиум ги идентификуваат уапсените како Французинот Ерик на 51-годишна возраст и 29-годишниот Либиец Абделвахед. Полицијата реагирала и ги привела откако извикувале да ќе се кренат во воздух. Гасот откриен кај нив се покажал безопасен, а кај приведените биле не биле пронајдени никакви запаливи средства.

Од предострожност извршени се пребарувања на железничката станица, а министерот за внатрешни работи Жерал Дерманен ѝ наложи на париската префектура да ги зголеми безбедносните мерки на сите станици во француската престолнина во периодот на голема фреквенција поради празничните патувања.