Во Париз застрелан маж кога со нож се заканувал на полицајци

Маж кој му се заканил на полицајци со нож во областа Дефанс, во близина на француската престолнина Париз, починал од здобиените повредени, пренесува во петокот телевизијата BFMTV.

Како што претходно објави префектруатра на париската полиција, човекот на полицајците им се заканувал со студено оружје бил „неутрализиран од службени лица од органите за спроведување на законот“.

Според информациите на телевизијата, по повторените повици да го одложи оружјето, полициските службеници неколкупати стрелале во мажот. Тој бил погоден со неколку куршуми, но останал свесен, заканувајќи се дека ќе ги убие полицајците. Околу 11,30 часот мажот починал од здобиените повреди, пренесува BFMTV.

Според AFP, ја предупредил полицијата на присуство на маж со нож на локалниот плоштад. Напаѓачот потоа со закани се залетал кон тричлената полициска патрола, која дошла да ја провери сутуација.

Полицијата истрелала седум куршуми, од кои два го погодиле напаѓачот во градите и еден во бутот. Кај напаѓачот не биле најдени никави документи за индентификација, рекле полцииски извори за агенцијата.