Во паркот „Авион“ забавна и спортска манифестација „Back to school“

Општина Аеродром ги потсетува децата, учениците, родителите и возрасните дека се поканети на забавна, културна и спортска манифестација да го испратиме летниот распуст и да го одбележиме почетокот на новата учебна година!

Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 17:45 часот во паркот „Авион“, каде младите ќе се забавуваат, другаруваат и спортуваат.

Забавниот настан ќе биде отворен со популарните песни на нашите хитови од детскиот фестивал „Поточиња“. Во рамките на манифестацијата ќе има детска трка со баланс-велосипеди, а младите ќе имаат можност да се запознаат и со разни спортски содржини што ќе бидат презентирани и ќе можат да изберат еден од понудените спортови за натамошно практикување.

На настанот се предвидени изненадувања за најмладите, со што низ забава, спорт и другарување ќе се означи почеток на уште една учебна година.

Општина Аеродром ја продолжува традицијата на одбележување на сите настани кои се од огромно значење за најмладите, со цел да се промовира македонската музика и да се издигне спортскиот и забавниот живот во општината на повисоко ниво!