Во пет минути се реши победникот – Шпанија го реализра пеналот, а Митровски промаши

34

Најнадежната македонска репрезентација не успеа ни во петтиот меч против големата Шпанија да ѝ даде гол, вечерва неискористувајќи пенал и не освои ниту бод за кој беше во игра во текот на целиот меч, па минимално загуби со 0-1 во петтиот свој евроквалификациски меч за пласман на Евро 2021 и не ја искористи шансата да се искачи барем на второто место во квалификациската група.

Димитар Митровски, офанзивниот фдбалер на Македонија од Спортинг Лисабон промаши пенал во 88-та минута, па неговиот шут по земја одлично му го прочита Хосеп Мартинез и Македонија остана без бод во пресметката со европскиот шампион, кој поведе од белата точка на седум минути пред крајот преку Хуго Дуро, кој за разлика од Митровски ја реализираше шансата.

Македонија со вториот пораз во овие евроквалификации, втор од Шпанија, останува третопласирана со седум бода во групата од три селекции со исто бодовно салдо заедно со Казахстан и Црна Гора, па пропушти шанса да се израмни и да го искористи киксот на Израел на Фарските Острови за да стигне до второто место пред гостувањето кај Фараните на 8 септември.

Црвено-жолтите ѝ парираа на Шпанија скоро до финишот, па „црвената фурија“ иако голем фаворит добро се препоти за победа, зашто тактичката пресметка на теренот и добро организираната дефанзива не им оставија многу простор на Шпанците за тие да се заканат кон голот, па до клучната 81. минута, практично тие не направија ни една зрела шанса. Македонија ориентирана претежно дефанзивно, успеваше да ги затвори сите приоди кон голот на Ристе Јанков, па практично голманот и немаше работа од ударите на гостите.

Девет минути пред крајот, Шпанија дби пенал по старт на Никола Серафимов и Дуро погоди за водство, но набрзина Македонија доби шанса да возврати, откако судијата Фесник Хоратиу свирна уште еден пенал за фаул во воздушен дуел при еден центаршут од слободен удар, но Митровски лошо биеше и Мартинез му го одбрани ударот за да ѝ донесе петта победа во шестиот меч на Шпанија на патот кон европскиот континентален шампионат.

Македонија со ова го запиша петтиот пораз во меѓусебните пресметки на овие генерации до 21 година и петт меч Шпанија победува без да прими гол.

Извор: Спорт 1.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.