Во пет општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради големото количество снег

Во Србија е прогласена вонредна состојба во пет општини, поради големите снежни врнежи и снежни наноси, јавува РТС.

Од вчера вонредна состојба има во Ивањица, Бабушница, Нова Вароша, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава каде сите населби се под снег.

Патиштата се проодни во поголем дел од државата, но во некои делови невремето создаде проблеми со електричната енергија.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека патните правци од прв и втор приоритет се проодни, но дека на некои патни правци од трет приоритет има и до 10 сантиметри снег.

Пристапите кон зимските туристички центри се проодни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.