Во петок се отвораат сите гранични премини без обврска за ПЦР тестови

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Премиерот Оливер Спасовски на својот ФБ профил најави дека од петок  повторно се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид, а влезот во земјава ќе биде без никакви органичувања.

„Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да се отворат сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување ПЦР-тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Владата денеска донесе Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, напиша Спасовски.

Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук-профил.