Во петок средба на тутуанрите и откупувачите – се прекинуваат откупот и протестите

Во петок на заедничка маса во министерството за земјоделие за ниската откупна цена ќе преговараат тутунопроизводителите и откупувачите.

Додека да се постигне компромис тутунарите ќе ги прекинат протестите.Сојузот на тутунските здруженија од откупните пунктови од утре ќе ги повлече нивните поверениците и нема да има откуп. Ова е заклучокот по денешната средба на министерот за земјодели Арјанит Хоџа.

Членовите на иницијативниот одбор за протести се задоволни од исходот на средбата со првиот човек на министерството за земјоделие.Ако откупните цени во прилепскиот тутунски комбинат се во рамките на реално вреднување на труд.Тоа не е случај со останатите откупувачите.

На прашањето зошто нема забелешките на ниските откупни цени до второстепените комисии. Тутунопроизводителите со одговор дека ваквите неосновани забелешки не го решаваат проблемот.

Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род досега се откупени само 300..и се верува дека во тек на откупот проблемите ќе бидат надминати.И просечната откупна цена ќе биде над 195 денари за килограм.