Во петок вечер без вода за пиење Аеродром, Ново Лисиче, Припор, Сопиште…

Поради реконструкција на водоводна линија ф700 која ќе се изведува кај новиот кружни тек меѓу улиците Христо Татарчев и булевар Србија, кај последната станица на автобусот бр.24 на ден 10.08.2018 година (петок), без вода за пиење од 20 часот до завршување на работата ќе останат следните населби: Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода на улица Христо Татарчев крак 1 до 11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од булевар Борис Трајковски и дел од булевар Србија- од новиот кружен тек до булевар Борис Трајковски.

Нашата проекција е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 8 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота). Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација“- Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така би сакале да истакнеме дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, велат од „Водовод“.