Во Подгорица и Цетиње од вечерва полициски час!

Поради влошената епидемиолошка ситуација, во црногорските градови Подгорица и Цетиње од вечерва стапува на сила полициски час.

Напуштањето на станбените објекти е забрането од 22 до 5 часот наутро. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, стапката на инциденца во Подгорица е 1.493, а во Цетиње 1.653.

Во општините каде стапката на инциденца е поголема од 1.200, покрај забраната за напуштање на објектот за домување по 22 часот, забрането е и работење на угостителски објекти, како и посети на домови на лица кои не се членови на исто домаќинство.

Во Будва, Мојковац и Улцињ е забранета работата на угостителски објекти, собирање во објекти за домување за лица кои не се членови на домаќинството, како и работата на детските игротеки.

Работата на спортските сали, фитнес центрите и слични затворени простории исто така е забранета.