Во Полска 103-годишна жена излекувана од Covid-19

Сто и тригодишна Полјачка е излекувана од тешката респираторна болест Covid-19 којашто ја предизвукува новиот коронавирус, и во понеделникот ја напуштила инфективната клиника во јужниот град Кендзежин-Козле, соопшто болницата.

Станува збор за најстариот пациент во Полска којшто ја препроди инфекцијата со коронавирусот.

„Жената на 20-ти април беше префрлена во болницата во задоволителна здравствена состојба, но неколку дена подоцна имаше симптоми на респираторна инсуфициенција. Долго остана во болницата бидејќи беше потребно да се чекаат резултатите од вториот тест“, изјавил шефот на одделот за неврологија Михал Глонек, пренесува полската новинска агенција PAP.

Старата дама Тереза, како што ја опишува медицинскиот персонал, штитеничка на пензионерски дом, никогаш не пиела антибиотици, открила за медиумите нејзината внука.

Таа не е најстарото лице излекувано од Covid-19 во Европа. Рекордерка е 113-годишната Шпанка чиешто оздравување беше објавено на 12-ти мај.

На почетокот од април беше објавено дека 107-годишна Холанѓанка го победила коронавирусот, откако седмица претходно оздраве од Covid-19 и 101-годишна нејзина сонародничка.

И во Велика Британија и во Франција беа забележани неочекувани спектакуларни оздравувања на пациенти на 106 односно на 103 години. Во САД досега познат ваков е случајот на 104-годишниот Бил Лапсчис.

103-годишната Терезе, ја напушта болницата во Кендзержене Козлу