Во Полска децата ги учат да бидат оптимисти

Две основни училишта во Варшава, Полска, одлучија да ги учат децата на оптимизам по секоја цена. И, како прв чекор, со надеж дека тој пример ќе го следат и други училишта, формално забрани какви било поплаки, негативни забелешки и лелекање.

– Забрануваме учениците да се жалат, од прагот на училиштето наваму. Ние секогаш треба да внимаваме што е добро, позитивно, а не да лелекаме, изјави наставничката Анета Пухал за полската приватна ТВН24 ТВ.

Директорката Крисна Јакубовска смета дека на тој начин, учениците, наставниците и родителите ќе се замислат дали вреди постојано да се лелека, или е подобро да се мисли што е позитивно, а ваков начин на учење да се применува уште од најмлада возраст, па и откако ќе го напуштат училиштето и градинката во местото Тивка во јужна Полска.

– Со векови, Полјаците сакаат да пишуваат за себе дека се валкани, неуредни, непочитувани. Сите ние ги знаеме овие работи. Тоа е препознатлива особина на нашето општество. Но, ние лелекаме помалку отколку пред 30 години, смета социологот Адам Лехчински.

Полскиот психијатар Марек Јурашек предупреди дека поради навиката на Полјаците да лелекаат, да се жалат и песимистички да гледаат на светот и општеството се напишани и книги и дека овој „архетип“ често се сретнува во литературата.

– Постојаното „хронично“ лелекање предизвикува стрес. Во општество со повеќе сочувство, гледаме на оној што се жали. И ако некој вели – одлично, купив автомобил, одам на летување – таквите луѓе се третираат со антипатија и не ги сакаме, вели Јурашек.

Експериментот на всадување оптимизам уште од најрана возраст во овие две полски училишта има еден недостаток досега – не предвидува казни за оние што е ја почитуваат забраната.