Во Полска најмногу коронаинфекции од почетокот на епидемијата, во Чешка пад на бројот на заразите

Полска во саботата пријави 1.002 случаи на зараза со коронавурусот, што е најмногу од почетокот на епидемијата, додека во Чешка е забележан пад на дневните инфекции по неколкуте дена рекордно ширење.

Во Полска во последното деноноќие забележани се нови рекордни 1.002 случаи на заразата со коронавирусот, соопшти во саботата министерството за здравство.

Со тоа во Полска, која има речиси 38 милиони жители, од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 78.330 случаи на заразата, од кои досега оздравеле 63.861 пациент, а смртени исход како последица на компликации предизвикани од Covid-19 имало во 2.281 случаи.

Новиот рекорд е забележан неколку дена откако полските власти ги заострија условите под кои лекарите се задолжени да ги испратат пациентите на тестирање на коронавирус. Критичарите предупредуваат дека новите правила би можеле да го ограничат дневниот број тестирања.

Во Чешка, пак, во саботата забавило ширењето на коронавирусот со 2.111 нови случаи на заразата, откако четири дена по ред беше бележен раст на коронаинфекциите а во петокот беа потврдени рекордни 3.130 нови случаи.

Досега во оваа земја со 10,7 милиони жители, од почетокот на епидемијата потврдени се 46.262 случаи на заразата, а со последниет шест во последното деноноќие бројот на смртните исходи се искачи на 495.

Во Чешка коронавирусот изминатиот период се ширеше со рекордно темо, но во однос на бројот на жителите единствено Шпанија и Франција во рамките на Европската унија бележат поголем скок на новите зарази во последните две седмици, наведува Европскиот центар за контрола и превенција на болестите.