10.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Во Полска воведена целосна забрана за абортус,дури и за деформиран фетус

Полскиот Уставен суд пресуди дека абортусот врз основа на фетални дефекти е неуставен, што создаде правна основа што се приближува до скоро целосната забрана за абортусот во оваа претежно католичка земја.

Кога пресудата ќе стапи на сила, абортусот ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или ако се загрозени здравјето и животот на мајката.

Конзервативните вредности играа водечка улога во полскиот јавен живот откако националистичката Партија на законот и правдата (PiS) дојде на власт пред пет години, ветувајќи дека ќе го одбрани она што многумина го сметаат за традиционален, католички карактер на земјата.

Забраната за пристап до абортус е долгорочна амбиција на партијата, но поради негативната реакција на јавноста, не биле преземени законски чекори.

Критичарите велат дека Уставниот суд пресудил во име на партијата. Иако судот е номинално независен, повеќето судии се назначени од PiS.

Партијата го негира нивното влијание врз пресудата на судот, иако нивните реформи во полското правосудство предизвикаа обвинувања дома и во странство за кршење на демократските норми. Владејачката партија тврди дека нивните реформи имаат за цел само создавање на поефикасно и пофер судство.

Активистите за правата на абортусот тврдат дека пристапот до постапката во Полска во последниве години биле одбиени дури и во случаи кога тоа било легално.

Многу лекари во Полска, која што има најстроги закони за абортус во Европа, веќе го користат своето законско право да одбијат абортус врз основа на религиозни убедувања. Некои велат дека нивните претпоставени ги принудуваат на тоа.

Барбара Новацка, пратеник од опозицијата, рече на приватното радио Зет пред пресудата: „Ова е многу тежок избор и не би имала храброст да донесам одлука наместо семејствата кои се соочуваат со оваа ситуација“.