Во Полска запленети два тона кокаин од Колумбија

Во Полска се запленети речиси два тона кокаин од Колумбија, во вкупна проценета вредност од 470 милиони евра, изјави премиерот Матеуш Моравјецки

– Го спречивме најголемиот шверц во последните години, рече Моравјецки.

Дрогата најверојатно била наменета за црниот пазар на земјите од ЕУ.

Кокаинот бил измешан со креда и превезуван во контејнери, а го открила полициската царина во пристаништето Гдиња.

Полицијата потоа го следела неговото движење, за на тој начин да открие „многу професионална“ лабораторија на една западна земја.

Уапсени се четворица Колумбијци, еден Иранец со престој во Германија и двајца Полјаци.

-Ова е првпат во историјата полската полиција да има работа со таква лабораторија, изјави Јарослав Шимчик, началник на полицијата.

Во лабораторијата, исто така, биле пронајднеи неколку стотици литри хемиски супстанци, што веројатно содржат кокаин.