Во понеделник се одлучува дали Димовски ќе извиси за Париз

Во понеделник, консултации меѓу шефот на државата и шефот на дипломатијата за амбасадорското место во Париз, односно дали екс директорот на АНБ, Виктор Димовски, ќе извиси по скандалот со македонското државјанско за украинскиот олигарх, Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.

Министерот за надворешни Бујар Османи, најави дека освен за Виктор Димовски ќе зборуваат и за останатите дипломатски решенија.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски само велат дека шефот на државата не ја добил од МНР информацијата за упатување на димовски во Париз.