Во понеделникот за брзо возење казнети се 788 возачи на територија на цела држава

8

Во текот на понеделникот 3-ти мај,Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 788 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.