Во поплавите во Германија досега 180 смртно настрадани

Во поплавите коишто го зафатија западот на Германија на 14-ти и 15-ти јули загинале 180 лица, а околу 150 сѐ уште се сметаат за исчезнати или недостапни, според најновите податоци од петокот.

Претходните податоци покажуваа 177 смртно настрадани во невремето и последиците од него.

Во меѓувреме, германските метеоролошки служби повикаа на претпазливост поради нови дождови овој викенд, повторно на западот на земјата.

Најпогодената област Рајнска облас-Пфалц пријави 132 загинати и 766 повредени, според податоците на полицијата во Кобленц. Во оваа сојузна покраина сѐ уште се трага по 149 лица, според истиот извор.

Во соседната сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, во поплавите загинале 47 луѓе. Полицијата во Келн трага по две лица. Уште едно лице го загубило животот во невремето во сојузната покраина Баварија.

Со Беглија, каде што смртно настрадале 36 луѓе, вкупно во Европа во ова невреме загинаа 216 луѓе.