Во „порше“ на кондовец кој го прекршил полицискиот час кај Гостивар најден кокаин

776

Триесет и едногодишен жител на скопско Кондово изминатата ноќ ги нарушил мерките за полициски час воведен во рамките на вонредната состојба поради ситуацијата со коронавируот, а про полициското пребарување на лускузното возило кое го упраувал било откриено извесно количество кокаин.

Настанот е регистиран во средата ноќта околу 23,30 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај локалитетот  Здуњска крстосница, кога полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар привеле 32-годишниот  А. Г. од скопско Кондово, затоа што при негов и преглед на возилото „порше“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајден е кокаин.

Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.