Во Португалија заразените и оние во изолација ќе гласаат на изборите на 30 јануари

Португалските гласачи заразени со коронавирус, како и оние кои се во изолација, ќе можат да ги напуштат своите домови за да гласаат на предвремените избори на 30 јануари, објави португалската влада. Еден ден претходно, Португалија, каде што се вакцинирани речиси 90 отсто од нејзините 10 милиони луѓе, имаше рекордни 43.729 нови инфекции поради ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот. Бројот на хоспитализирани и починати е значително помал отколку на врвовите на претходните бранови.

Министерот за внатрешни работи Франциско Ван Дунем на прес-конференција рече дека гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19, апелирајќи да не доаѓаат први на гласање бидејќи тоа е препорака. Овие гласачи мора да носат маска и да држат дистанца, додека можат да го напуштат својот дом само за да гласаат.

Граца Фреитас, шефица на јавното здравствено тело , рече дека нема да има специјално обележани избирачки места за лицата со Ковид-19 и дека нема да се знае дали имаат Ковид-19.

„Оваа одлука за одредување временски период за гласање нема целосно да ја спречи инфекцијата, но ќе го минимизира ризикот“, рече Фрејтас.

Изборите беа распишани откако парламентот го отфрли предлог-буџетот за 2022 година преложен од  малцинската социјалистичка влада. Според анкетите, социјалистите на премиерот Антонио Кошта имаат значителна предност, но веројатно недоволна за парламентарно мнозинство.