Во последен момент не се качил во кобниот автобус

Во последен момент, младиот Енес не се качил во автобусот на „Беса транс“ и решил да отпатува за Истанбул со сосема друга туристичка агенција, објави „БТВ“.

За жал, неговите блиски не знаеле дека Енес во последен момент се предомислил и два дена го барале, мислејќи дека е меѓу загинатите. За среќа, тој се вратил дома здрав и жив.

Енес често патувал во Истанбул и вообичаено тоа било со истата туристичка агенција – спорната „Беса транс“.

„Размислував да одам два-три дена во Истанбул со оваа агенција (Беса транс), но се предомислив и заминав со друга компанија. Направив тест за Covid-19 и ја сменив резервацијата. Меѓутоа, моите дома знаеја дека патувам со ‘Беса транс’. Не можев да ги исконтактирам, немав интернет и роаминг, на враќање кон дома немаше мрежа. И два дена подоцна, се појавив“, вели Енес.

„Неговите блиски ни кажаа дека не можат да стапат во контакт со Енес неколку часа. Утрото прочитав на Интернет дека се случила оваа несреќа. Почнавме да го бараме братучедот Енес, но не успеавме да го најдеме, не беше онлајн. Мислевме дека е во автобусот на „Беса транс“. После четири-пет часа дознавме дека е жив“, раскажува Џалал, роднина на Енес.

Како што раскажува Енес, „ова е од Господ“ и тој упатува големо сочувство за починатите и нивните семејства на кои им е многу тешко.

„И нам ни е тешко“, вели Енес.