Во последните 24 часа казнети 355 граѓани за неносење маски

Полицијата во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава регистрирала 355 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштитна опрема на лицето.

Од МВР и денеска апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Казната за неносење маска изнесува 20 евра, а ако се плати на самото место е 10 евра.