Во последните 24 часа нов рекорд на новозаразени, над 259 илјади

370

Бројот на потврдени случаи на зараза со новиот коронавирус во светот во последното деноноќие се зголемил за повеќе од 259.000, со што вкупниот број инфекции од почетокот на пандемијата надминува 13,8 милиони, покажуваат податоците кои ги објави во саботата вечерта Светската здравствена организација (СЗО – WHO), додека бројот на смртните случаи по подогло време го надмина просекот од околу пет илјади дневно и со новите над 7.300 смртни исходи надминува 593.000 починати.

Според последните податоци на СЗО, до саботата 18-ти јули, во светот се вкупно регистрирани 13.876.441 случај на зараза од вирусот SARS-CoV-2, и 593.087 починати како последица од болеста Covid-19 која ја предизвикува вирусот.

Бројот на заразените лица во последните 24 часа се зголемил за 259.848, што е нов рекорден показате. Рекодниот дневен број на новозаразени ден претходно во петокот изнесуваше 237.743 случаи.

Значително е зголемена и бројката на починати во однос на претходното деноноќие, односно 7.360 смртни исходи во саботата наспроти 5.682 починати во петокот. Станува збор за најголемиот број на починати на дневно ниво од мај.

Статистичките податоци кои ги објавува СЗО ги земаат предвид само официјално потврдените информации за случаи на коронаинфекции и смртни исходи кои ги доставуваат властите на земјите.

Регионот на Северна и Јужна Америка и натаму е прв во светот според бројот на зарезаени со 7.306.371 човек, а во текот на изминатите 24 часа оваа бројка се зголемила за 151.531 новозаразен. Бројот на смртните смучаи во овој регион се зголемил за 4.652 и достигнал 302.508 починати.

Во Европа од почетокот на избувнувањето на епидемијата во февруари до денеска има вкупно 3.042.330 заразени и 206.684 починати. Во последните 24 часа, бројот на заразените се зголемил за 33.358 лица, а бројката на починатите е зголемена за 1.202 луѓе.

Источно-медитеранскиот регион е на третото мести, и таму бројот на заразените до денеска достигна 1.360.791 случаи, од кои 33.738 имале смртен исход. Во последното деноноќие регионот пријавил нови 13.809 случаи на зарази, и уште нови 457 нови починати.

СЗО во саботата регистрирел 71.000 нови случаи на зараза во САД, 45.500 во Бразил, 34.800 во Индија и 13.300 во Јужноафриканската Република.

Според распределбата на случаите на зараза по земји, први на листата се САД со 3.544.143 сличаи, а во милиони се изразуваат случаите на коронавирусот во Бразил со 2.012.151 и во Индија со 1.038.716 заразени. Следат Русија со 765.437, Перу со 341.586, Јужна Африка со 337.594, Чиле со 326.539, Мексико со 324.041, Велика Британија со 293.243 и Иран со 269.440 случаи на зараза со коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.