Во повеќе делови од источна Украина во прекин снабдувањето со електрична енергија

Во повеќе места во источниот дел на Украина синоќа имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украински претставници.

Струја немаше и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина.

Електрична енергија исто така немаше и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.