Во пожар во Русија загинаа три деца, две се тешко повредени

Три деца загинаа, а две се тешко повредени во пожар во регионот Свердловск во Русија, соопштија денеска локалните власти.

Во пожарот, кој се случил околу 2 часот по полноќ по локално време во селото Јелан, загинале деца родени во 2011, 2012 и 2014 година.

Едногодишно бебе и осумгодишно дете биле извлечени од пожарот пред да пристигнат пожарникарите и тие биле пренесени во болница во критична состојба.

Пожарот се случил во таканаречените домови за едно семејство и зафатил површина од 120 квадратни метри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.