Во Прага и’ кажаа збогум на короната на 500 метaрска маса

Наспроти ублажувањето на рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот што денеска стапуваат на сила, синоќа граѓаните на чешкиот главен град Прага се собраа на 500 метри долга маса на Карловиот мост. Граѓаните на оваа прослава беа поканети да дојдат со храна и пијалак, па со песна и игра да и’ кажат збогум на короната.

„Ова е своевидна прослава да покажеме дека не се плашиме и нема да останеме заклучени во своите домови. Мостот е добра метафора зашто може да собере различни луѓе“, рече организаторот Ондреј Козба.

Чешка има 10,7 милиони жители и беше меѓу првите земји што наметна строги рестрикции, па имаше добри резултати – вкупно 11.895 заразени и 349 смртни случаи од Ковид-19.