Во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот во двата правци на Регионалниот пат Р1102, Велес-Градско.

– Од 09:13ч. рег.пат Р1102, Велес-Градско е во прекин во двата правци поради случена сообраќајна незгода, соопштуваат од АМСМ.

Како што пренесува Press24, станува збор за излетано патничко возило од регионалниот пат, каде возачот се здобил со лесни телесни повреди, а причина за сообрќајната незгода биле влажните коловози и старите гуми на возилото.

Од СВР Велес ја потврдуваат сообраќајната незгода.