Во прекин сообраќајот на правецот Радовиш – Штип, поради сообраќајна несреќа

Вечерва во прекин е сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип поради сообраќајна несреќа во која учествувале камион и комбајн,

Несреќата се случила околу 19.45 часот во близина на Радовиш, кај селото Тополница, а според првичните информации од СВР Струмица нема загинати,  а повреден е возачот на комбајната.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекува собраќајот да продолжи да се одвива по алтернативни патишта.