Во прекрасен меч во Рим, Ѓоковиќ ја впиша 999-та победа во кариерата

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ го победи во два исцрпувачки но прекрасни сетови Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасиме во четвртфиналниот меч од АТП Мастерс 1000 турнирот во Рим.

По два часа и девет минути игра Ѓоковиќ славеше 7:5, 7:6 (7:1) и со тоа дојде до 999-та победа во кариерата.

Ѓоковиќ го пропушти сервисот за гем при 5:3 во првиот сет, но потоа го доби со 7:5. Вториот сет беше многу сличен, бидејќи Ѓоковиќ повторно имаше предност, водеше со 5:2. Но канадскиот тенисер и тогаш се извлече од заостанувањето. Оже-Алијасиме и до тај-брејк во кој Ѓоковиќ одигра совршено и сепак спречи мечот да отиде во третиот свет.

Следниот ривал на Ѓоковиќ ќе биде Норвежанецот Каспер Рууд кој во крајно неизвесниот дуел го победи Денис Шаповалов со 7:6 (7) и 7:5.

Во другото полуфинале се среќаваат Александр Зверев и Стафанов Циципас кој на многу сличен начин ги минаа четвртфиналните противници. Зверев го совлада Чилеанецот Кристијан Карин со 7:5 и 6:2, додека Гркот Циципас беше подобар до домашниот фаворит Каник Синер со 7:6 (5) и 6:2.

Фантастичен пресвет во четвртфиналето ВТА турнирот во Рим креираше Онс Жабер, тенисерка од Тунис, која по три сета ја совлада Гркината Марија Сакари со 1:6, 7:5 и 6:1.

Сакари имаше водство 6:1 и 5:2 и сигурен пат кон полуфиналето, но тогаш тргна голем пресврт. Жабер нанижа дури осум гемови израмни 1:1 во сетови но и поведе со 3:0 во третиот сет. Тоа беше крај за Гркината, а Тунижанката продолжи со одличните игри, откако минатата седмица го оствари најголемиот успех во кариерата со освојување на турнирот во Мадрид.

Во полуфиналето Жабер ќе игра против Русинката Дарија Касаткина, на којашто мечот ѝ го предаде Швајцарката Џил Тајхман, додека во другото полуфинале ќе огтраат Сјватек и Сабаленка. Уште подолга низа од Жабер имаше првата светска тенисерка Полјакињата Ига Свјатек со победета против Канаѓанката Дреески до 7:6 (2) и 6:0 дојде до 26-та последователна победа на ВТА турнирите.