Во превртување на џип со мигранти во Грција шест жртви, има и деца

Најмалку шест лица, од кои три се деца, загинаа во петокот кога џип пеполн со имигранти скршнал од патот и удрил во карпи блузи Кавала, соопштија грчките локални власти.

Во џипот вскупно се наоѓале 16 лица, наведуваат медиумите, Полицијата соопшти дека уште четири лица се тешко повредени.

Причината за несреќата засега не е позната. Исто така, уште не е познат ниту идентитетоt на барателите на азил. Се претпоставува дека се од иранско потекло.

Полицијата наведува дека возилот дошло од североисточнот пограничен регион Еврос со Турција, кој е главната точка на илегалното преминување на имигрантите и бегалците во потрага за подобар живот во богатите западни земји во Европа.