Во Приштина почнува процес пред суд за убиството на Ивановиќ

Пред Специјалниот суд во Приштина денеска би требало да се одржи подготвителна расправа за обвинетите за вмешаност во убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ на 16 јануари 2018 година во Косовска Митровица.

Подготвителното рочиште ќе биде затворено за јавноста и обвинетите накратко ќе се изјаснат за обвиненијата, ќе расправаат за доказите презентирани за време на судењето и одлуката на судот по барање на обвинителот да им одреди домашен притвор за тројцата обвинети кои сега ги бранат на слобода.

Косовското специјално обвинителство на 2 декември поднесе обвинение против шест лица – Недеjко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ, Радет Басара и Силвана Арсовиќ, осомничени за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

Спасојевиќ и Росиќ се наоѓаат во притвор од нивното апсење во ноември минатата година, Басара од октомври годинава, додека другите се бранат од слобода.

Ивановиќ, беше убиен на 16 јануари 2018 година, пред неговиот партиски штаб во Косовска Митровица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.