Во продавница на хуманитарна организација наместо нишалка за бебе – пушка

Вероника Алварез Родригез ја минала неделата барајќи идеален подарок за дете за кој не сакала многу да плати, но сакала нешто на што бебето ќе се радува.

Во продавницата за користени реквизити на хуманитарната организација „Goodwil“ во Валпарис на Флорида на Родригез помислила дека го нашала токму она што го барала – неотворена кутија со нишалка за бебе за 10 долари.

Подоцна истиот ден кога гостите се собрале, почнало традиционалното отворање на подароците и следел шокот. Во кутијата наместо нишалка за бебе имало полуавтоматска пушка „Mossberg 715T“ и муниција која не била за овој вид оружје.

Алварез-Родригез објавила форографии на социјалните мрежи и навела дека оружјето, судејќи според неговиот сериски број, не е украдено, па полицијата ѝ кажала дека може со него да прави што сака.

Полицијата сепак претходно привремено ја задржала пушката, а од организацијата „Goodwill“ не сакале да го коментираат случајот.