Во програмата на ВМРО-ДМПНЕ предвидени нови современи театри во Скопје, Прилеп и Битола, делегирани буџети за културните установи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска презентираше сет мерки од изборната програма на партијата.

Мицкоски вети нови современи театри во Скопје, Прилеп и Битола како и делегирани буџети за културните установи.

-Се обрзуваме на обнова која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на 5% во културата. Ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна култура. Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани-продажба на билети,за изнајмување на простор,за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливост на институциите. Се обрзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конено Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар. Се обрзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата Музеј на Македонија согласно современите архиктектонски стандарди. Се обрзуваме на обнова која ќе значи капитален проект за Дигитализација на културното и уметничко наследство, а воедно истото да го сочуваме од заборавот на времето кое ќе стане подостапно за јавноста, посочи Мицкоски и додаде:

„Се обрзуваме на обнова која ќе опфати Инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места, приходи и одржлив развој. Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи Делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивазија за награда за најуспешните.“

Се обрзуваме на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитеско обележје. Ова опфќа сет мерки како изработка на Корпус на македонскиот јазик, Академска граматика и Етимолошки речник, поддршка на изданијата за Правописот на македонскиот јазик.

Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во кутурата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата, олеснувања кои ќе овозможат потикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.