Во првата половина на годината сторени 389 кривични дела

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична пријва бидејќи со нож му нанел исекотини во пределот на вратот на старец од Струга
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Во првото полигодие од 2014 извршени се 389 кривични дела од кои најголем број се 67 отсто се телесни повреди и 30 отсто се загрозување на сигурноста. Останатите кривични дела се: по две убиства и противправни лишувања од слобода и по четири тешки телесни повреди и присилби. Како сторители на кривични дела, во 93 отсто од случаите се јавуваат лица од машки пол.

Според начинот, најголемиот дел или 80 отсто од делата се извршени со употреба на физичка сила или закана.

Сторителите при извршување на кривичните дела во 95 случаи биле под дејство на алкохол, при извршување на три кривични дела сторителите користеле наркотична дрога, додека 167 дела ги сториле во состојба на психичко растројство.

Што се однесува до прекршоците, најголемиот дел се сторени на подрачјето на СВР Скопје-56,5 отсто, додека на подрачјето на останатите сектори, учеството  е од два отсто на подрачје на СВР Охрид па до 19 отсто на подрачје на СВР Штип. Во СВР Битола не е регистриран ниту еден прекршок.