Во пукање во средно училиште во САД убиени три лица

Најмалку три лица се убиени а уште осум други се ранети во пукање во средно училиште во градот Сент Луис во американската сојузна држава Мисури, пренесе во понеделникот телевизиската мрежа Fox News повикувајќи се на полицијата.

Според полицијата, осумте настрадани, меѓу кои и двајца ученици, се хоспитализирани во локалната болница.

Осомничениот напад во училиштето бил убие во престрелка со полицијата. Мотивите на сторителот сѐ уште се утврдени, изјавил полицискиот началник Мајк Сејк.

Кога полицијата пристигнала во средното училиште за визуелни и сценски уметности во текот на претпладнето по локално време, учениците во паника бегале од зградата кажувајќи им на полицајците дека напаѓачот имал „долг пиштол“, рече Сејк во текот на прес-конференцијата по инцидентот.

Влегувајќи во зградата, полицајците размениле оган со напаѓачот, кој бил на возраст од околу 20 години и притоа го смртно го застрелале, додал началникот.

Вратата на училиштето во коешто оделе 380 ученици утрото била заклучена, додал Сејк. Безбедносниот персонал утврдил на кој начин напаѓачот успеал да влезе во зградата, но полицијата засега одбива да соопшти поединости.

Станува збор за уште еден од низата масовни напади со огнено оружје во американските училишта и воопшто во САД во кои имаше десетици жртви.