Во пукањето во Вирџинија убиени шест лица

Полицијата во градот Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија, каде во вторникот ноќта се случи пукање во супермаркет на трговскиот синџир „Walmart“, го потврди во средата загинувањето на шест лица како и смртта на осомничениот за нападот.

„Полицијата на Чесапик го потврдува загинувањето на седум луѓе, вклучително и напаѓачот, како резултат на вчерашното пукање во Walmart“, се наведува во објавата на градските власти на Twitter.

Претходно беше објавено дека по нападот кој се случил во вторникот вечерта по 22 часот по локално време, околу пет часот по македонско, „во моментов бројот на жртвите е помалку од десет“.

Полицијата верува дека имало само еден напаѓач, кој е мртов. Според истиот извор, нема сознанија дека полицијата отворила оган, но не засега не е потврдено дека напаѓачот се самоубил.

Чесапик, се наоѓа на околу 240 километри јужно од Вашингтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.