Во пукање на Тајланд, убиено едно лице

Едно лице е убиено, а неколку луѓе се повредни на протестите на опозицијата во Бангкок, кога вооружен напаѓач отвори оган на демонстрантите.

Засега не е јасно кој пукал во близина на зградата на владата во Бангкок по повеќенеделните масовни улични протести чиишто учесници бараат од премиерката Јинглук Шинаватра да поднесе оставка и да се заврши политичката доминација на нејзиното семејство.

Истовреме антивладините демонстранти заземаа поголем број места за регистрација на кандидати на југот на земјата, каде што доминира опозицијата, па официјалните лица беа приморани да го суспендираат овој процес во неколку провинции, изјави генералниот секретар на Изборната комисија за АФП.

Претседателката на владата свика избори за 2 февруари со цел да ги заврпи протестите, но сите демонстранти истакнаа дека ќе го блокираат гласањето, бидејќи како што сметаат, истото само ќе го врати на власт кланот Шинаватра.