Во рација во Либија убиен еден и ранети 15 мигранти

Еден мигрант е убиен а уште 15 други с ранети во рација којашто ја спровеле либиските безбедносни сили, при што биле приведени илјадници мигранти, соопштија во неделата Обединетите нации.

Министерството за внатрешни работи на Либија во петокот соопшти дека притвориле околу 4.000 лица и ги преместиле во мигрантсти притвор во главниот град во рамките на безбедносната кампања која е спроведена во Гаргареш, западниот кварт Триполија.

„Невооружените мигранти биле нападнати, ги претепувале и пукале во нив. Обединетите нации примија извептаи за тоа дека еден млад мигрант е застрелан и убиен“, изјави хоманитарната координаторка на ОН за Либија, Жоржет Гањон.

Добиени се извештаи дека се згаснати комунициските канали, така што поединци не можеле меѓусебно да комуницираат, да имаат пристап до информациите или да побараат помош, се додава во соопштението.

Обенитети нации објавија дека се „исклучително загрижени“ и ја осудуваат употребата на убиствена сила од страна на припадниците на безбедносните сили како кршење на националниот и меѓународниот закон.

Либија стана голема транзитна мигрантска морска рута на патот кон Европа од 2011 година, кога во оваа северноафриканска земја со поддршка и интервенција на западните сили беше соборен деценискиот режим на Моемер ел-Гадафи.

Со години ОН и групите за заштита на човековите права реагираат дека мигрантите во Либија ризикуваат мачења, сексуално злоставување и трогвија со луѓе. Се предупредува и дека притворите за мигрантите се крајни нехигиенски, пренатрупани и дека луѓето во нив се изложени на експлоатација и насилство.