Во рации на концерт и во скопски локали приведени седум лица за поседување наркотици

Ноќта од саботата кон неделата од страна на Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош, при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје лишени се од слобода седум лица.

Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х. (20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.