Во рација во дискотеки во Урошевац запленети над 220 килограми марихуана

78

Пет лица се уапсени, а запленети се и 220 килограми марихуана во рации во неколку барови во Урошевац, соопштија косовската полиција и Обвинителството во градот.

Основното Јавно Обвинителство во Урошевац, Секторот за сериозни кривични дела, во соработка со Одделението за борба против корупцијата, спроведувало неколкумесечна истрага. Во синоќешната акција на две локации, запленети се 220 килограми опојни супстанции, за која се сомнева дека потекнува од Албанија.

Специјалците заплениле и три автомобили за време на интервенцијата.

Уапсените лица, три од Албанија и две од Косово, припаѓаат на добро организирана група и се обвинети за кривично дело неовластено купување, поседување, дистрибуција и продажба на опојни дроги и психотропни супстанции.

Се претпоставува дека запленетата количина марихуана била наменета за дистрибуција надвор од Косово.

Косовската полиција вели дека трага по други членови на групата кои се во бегство.

На уапсените, по наредба на Основното Јавно Обвинителство во Урошевац, им е одреден притвор од 48 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.